Сонали Чандра е Индијка која живее во Америка. Оваа танчерка, модел и комичар е горда девица на 35 години и вели дека не планира да го промени мислењето за сексот пред брак.
Таа не се согласува да води љубов без прстен на раката, а сето тоа му го кажа на доктор Фил во неговата позната шоу програма.
Сексот го сметам за свет и посебен. Всушност, не го сакам ни зборот „секс“, претпочитам „водење љубов“ – објасни таа во интервју за Дејли Стар и додаде:
Ќе бидам подготвена да водам љубов кога ќе го најдам „вистинскиот“. Барам господин кој е морален и етички, згоден, амбициозен, здрав и кој ќе ме третира како кралица. Го сакам она што Пријанка Чопра го има со Ник Џонас – рече таа.
Сонали објасни дека пораснала со многу строги и традиционални индиски родители во Њу Џерси, кои ѝ забранувале социјален живот и врски додека растела. Не смеела да живее во студентскиот дом, да излегува, да спие со другарките, а не смеела да оди и на матура.
Кога завршила факултет, нејзините родители сакале да ја оженат, а таа го одбила договорениот брак кој бил дел од традицијата на нејзината култура.
Мислам дека ваквото воспитување многу негативно се одрази на мојата способност да најдам партнер, бидејќи флертувањето и излегувањето се всушност социјална вештина – рече таа и откри дека првиот бакнеж го имала на 26 години.
Имала неколку врски, но мажите ја напуштале штом слушнале дека е девица.
По неуспешните обиди да најде љубов, Чандра се пријавила во реалното шоу „Пет момци неделно“ каде била изолирана од надворешниот свет со пет мажи. За жал, ниту тоа не и донесе вистинска љубов.
Откако станав ТВ-лице, голем број мажи ме контактираа и понудија брак, но се плашам да запознавам непознати луѓе – изјавила таа. Сепак, таа му дала шанса на некој кој и’ напишал убава порака, а на Фејсбук имале 11 заеднички пријатели. Отпрвин праќале пораки и разговарале преку видео повик бидејќи не живеат во ист град, но на крајот се сретнале лично.
Овој човек е убав, амбициозен и малку постар од мене, па изненаден сум што се уште е сингл! Тој е неверојатно мирен, што е одличен баланс за мојата жива личност – изјави таа.
Се чувствувам како да го познавам од секогаш и се чувствував удобно покрај него. Малку флертуваше со мене, но целосно ги почитуваше моите граници со оглед на тоа дека сум девица. Не се ни обиде да ме бакне – објасни таа, а потоа додаде дека се уште не знае што мисли за неа, но дека не може да престане да размислува за него и дека со нетрпение ја чека нивната следна средба, како како и дека знае дека би го сакале нејзините родители.
Верувам дека пријателството е основата на секоја врска, а времето ќе покаже што ќе се случи меѓу нас… – изјави на крајот Сонали.



GIPHY App Key not set. Please check settings