ЧАВКА
Aко ја чуете – ќе изгубите углед. Aко ја видите да лета – среќна иднина.

ЧАД
Не бидете наивни, некој сака да ве посрамоти. Ако чадот се крева право нагоре – тешкотиите брзо ќе ги снема. Ако ветар го дува чадот на лево – тешкотиите се несовладливи. Ако ветар го дува чадот на десно – ќе биде тешко, но сепак ќе се решат проблемите. Куќа полна со чад – имате непријатели. Црн чад – несреќа. Бел чад – чест. Ако чадот ве пече на очи – непријатно доживување.

ЧАДОР
Ќе најдете помош во неволја. Отворен чадор – добро размислете за своите постапки, бидејќи после ништо нема да може да се поправи. Отворен чадор во затоврена просторија – несреќа. Влажен чадор – пропадната љубов. Чадор што не може да се отвори – големи незгоди. Свилен чадор – ќе стекнете углед. Искинат чадор – не тргнувајте од околу, ќе настрадате. Чадор за сонце – ќе наидете на разбирање и помош.

ЧАЈ
Ако пиете чај – ќе бидете во пријатно друштво. Ако пиете лековит чај – болест.

ЧАКАЛ (види песок)
Колку повеќе чакал, толку повеќе пари и задоволства.

ЧАМЕЦ
Ќе ви се остварат плановите. Ако се возите во чамец – ќе ви се исполни некоја голема желба (ако се работи за патување или преземен ризик се ќе заврши среќно). Натоварен чамец – немаштија. Чамец во кој влегува вода – болест. Ако паднете од чамец во вода – парична загуба. Чамец во олуја – добар крај. Чамец што тоне – прекин на љубовна врска.

ЧАПЈА
Бидете внимателни. Ако на сон убиете чапја – ќе изгубите нечие пријателство. Чапја со скршено крило – на вашите пријатели нема да им успеат сплетките. Ако ловите чапји – патување. Ако јадете месо од чајпа – неочекувано богатство.

ЧАРШАВ
Болест.

ЧАСОВНИК
Не ја заборавајте важната работа која ве чека. Ако чука – сетете се времето е пари. Златен часовник – ви се заканува опасност да ве ограбат. Ако на сон навивате часовник – наскоро ќе имате љубовна средба. Часовник што застанал – смрт на некој познаник, но кој не е покрај вас. Рачен часовник – користете си го времето подобро.

ЧАСОВНИЧАР
Ви претстои деликатна задача.

ЧАТАЛ
Непријатности.

ЧАША
Венчавање. Скршена чаша – среќен настан. Чаша со вода – добро здравје. Чаша со вино – веселба. Празна чаша – разочарување. Ако полните чаша со која било течност – ќе изгубите некој пријател. Чаша полна со течност (освен вода и вино) – некој желно ве очекува. Златна чаша – деловен успех. Ако скршите чаша – опасност, смрт.

ЧЕВЕЛ
Незгоден пат. Облекување чевли – пријатен настан. Тесни чевли – незгоди. Нови чевли – љубовна средба. Искинати чевли – незгоди во блиска иднина. Ако на сон купувате чевли – ќе сретнете нова љубов. Ако некому подарувате чевли – ќе ви се освети вашата невнимателност спрема околината. Ако правите чевли – парична загуба. Црвени чевли – возвратена љубов. Бели чевли – скора свадба.

ЧЕВЛАР
Досаден гостин.

ЧЕК
Ако исплатувате чек – деловен успех. Ако потпишувате чек – лекомисленоста ќе ви нанесе штета. Ако не можете да исплатите чек – ќе западнете во долгови.

ЧЕКАЛНИЦА
Ќе ви се исполнат љубовните желби.

ЧЕКАН
Во своите потфати употребете повеќе памет. Ако удирате со чекан – ако употребите суровост во своите постапки се ќе се сврти против вас. Ако на сон работите со чекан – на јаве сте во право, но ќе мора да се борите ако сакате да победите. Ако гледате како некој работи со чекан – ќе си ги решите сите тешкотии. Голем чекан – добро ќе ја завршите започнатата работа.

ЧЕКАЊЕ
Ако чекате некого – пријатни вести.

ЧЕЛИК
Кавга, немир и незадоволство.

ЧЕМПРЕС
Ако го видите – тага. Ако го одгледувате – ќе претрпите штета поради својата невнимателност.

ЧЕП
Ќе исправите некоја грешка.

ЧЕПКАЛКА ЗА ЗАБИ
Кавги во семејството.

ЧЕРЕП
Успешен потфат. Скршен череп – грижи.

ЧЕСТЕЊЕ
Ако на сон ве честат – на јаве ве озборуваат зад грб.

ЧЕТВРТОК
Пријатна иднина.

ЧЕТКА
Ќе ве озборуваат. Ако четкате одело – ќе предизвикате некои непријатности. Четкање коса – гости. Ако на сон ја изгубите четката – среќа.

ЧЕТКА ЗА ЗАБИ
Средете си ја ситуацијата.

ЧЕШЕЛ
Кавги во семејството. Скршен чешел – жестока кавга.

ЧЕШЛАЊЕ
Среќен потфат. Чешлање коса – пријатна средба. Чешлање замрсена коса – ќе чуете лоши вести. Чешлање брада или мустаќи – свадба. Ако чешлате животно – ќе направите добро дело.

ЧЕШМА
Среќен брак. Ако пиете од чешма – ќе добиете признание, добивка.

ЧИЗМА
Ако соблекувате чизми – имате искрена околина. Ако облекувате чизми – среќа во љубовта. Нови чизми – среќа. Стари чизми – беда. Валкани чизми – озборување.

ЧИНИЈА
Покана за свеченост. Ако скршите чинија – жалост и грижи. Празна чинија – неочекувана кавга.

ЧИНОВНИК
Некој ќе ви се меша во работата. Разговор со чиновник – ќе добиете некаква покана. Ако се сонувате како чиновник – ќе ги осрамотите свите противници.

ЧИР
На нозе или раце – успех во работата. Чир на грб – победа над противниците.

ЧИСТЕЊЕ
Ако на сон чистите нешто – добивка, убав подарок.

ЧИТАЊЕ
Читање писмо или ракопис – добивка. Ако читате весници – успех во животот. Ако читате книги – потрудете се уште многу да научите за да имате корист во животот. Ако некому нешто му читате – ќе ги израдувате пријателите.

ЧОКОЛАДА
Ако подарувате некому чоколада – внимавајте да не потрошите повеќе отколку што имате. Ако добиете чоколада – имате верни пријатели. Ако јадете чоколада – ненадејна љубовна средба.

ЧОРАПИ
Грижи, болест. Ако плетете чорапи – корист од работата. Ако купувате чорапи – грижи. Ако ги облекувате или ги соблекувате – минливи тешкотии.

ЧУВАЊЕ
Ако на сон нешто чувате – пазете се од крадци.

ЧУДО
Ако на сон видите некое чудо – на јаве ќе се разочарате.

ЧУДОВИШТЕ
Сиромаштија.

ЧУКАЊЕ
Ако чуете чукање – пријатна вест. Ако чукате – вознемирувачки новости. Силно чукање – непријатности.

ЧУМА
Доаѓаат тешки времиња.