ХАЗАРДНИ ИГРИ
Aко добивате на хазардни игри – ќе изгубите некој пријател. Ако губите – ќе се ослободите од нешто непријатно.

ХАРЕМ
Ќе направите некоја глупост која ќе ви донесе големи непријатности.

ХАРМОНИКА
Ако на сон свирите на хармоника – ќе приредите некоја свеченост. Ако ја видите – ќе се вплеткате во нечесна работа. Ако ја слушате – претерано се сомневате.

ХАРТИЈА
Ако пишувате на хартија – некому ќе морате да му испратите непријатни вести. Искината хартија – ќе доживеете неправда. Хартија што лета во воздух – некои надежи нема да ви се исполнат. Шарена хартија – весела вест. Црна хартија – жална вест.Ииспишана хартија – непријатности.

ХАРФА
Тага. Ако вие свирите на харфа – патување.

ХЕМИЧАР
Ќе ве мачи некоја неизвесност или ќе откриете некоја тајна.

ХИПНОЗА
Ако ве хипнотизираат – не лутете се, секоја школа се плаќа. Ако вие некого хипнотизирате – не мешајте се во опасни работи. Ако гледате хипнотизирање – ќе стекнете углед во својата околина.

ХИПОДРОМ
Пропадната работа. Ако настапувате на хиподром – пазете се од помлади лица, ќе ви го заведуваат партнерот.

ХМЕЉ
Ќе имате лоши искуства.

ХОР
Ако на сон слушате neeue на хор – убави и пријатни денови во друштво на пријатели.

ХОТЕЛ
Болест.

ХРАБРОСТ
Ако на сон покажувате храброст – некој ќе ве понижи.

ХРАМ
Срушен храм – промена на работа.

ХРАНЕЊЕ
Ако на сон храните животни – благосостојба и задоволство.

ХРИЗАНТЕМА
Ќе добиете добра вест од некој кој е далеку од вас.

ХРЧАК
Види – МРЗЛИВЕЦ

ХУСАР
Ако сте вие хусар – успех во љубовта. Ако видите хусар – кавга.