УБИВАЊЕ
Aко убивате некого на сон – голема опасност, пазете се од себе. Aко вие сте убиени – штета, болест. Aко видите убиен човек – проблеми.

УБИЕЦ
Aко видите убиец – долг живот.

УБИСТВО
Aко чуете за некое убиство или присуствувате на убиство – несреќа, страв.

УВЕРТИРА
Aко слушате увертира – ќе ви се исполнат очекувањата.

УВО
Ќе ви измамат некоја тајна. Aко ве боли уво – неповолни новости.

УДАР
Ако удирате нешто или некого – ве очекуваат големи напори. Ако ве удрат – срам.

УЖАС
Ако доживеете ужас – пожар, кражба или некоја друга незгода дома.

УЗБУНА
види – ТРЕВОГА

УЖИВАЊЕ
Ако уживате на сон – успех на сите подрачја.

УЗДА
Ќе ве опоменат поради некоја глупост.

УКОР
Ако некого укорите – не можат сите да се однесуваат како што сакате вие. Ако ве укорат – непријатности.

УКРАС
Среќен брак.

УКРАСУВАЊЕ
Вашите желби веројатно ќе бидат остварени.

УЛИЦА
Ако се шетате по улица – ќе склопите ново познанство.

УМИРАЊЕ
Ако се сонувате мртви – ќе доживеете длабока старост. Ако гледате како некој умира – заминување на драго лице. Ако умирате – патување, промена на околината. Ако умрете, па оживеете – грижи.

УНИВЕРЗИТЕТ
Ќе биде подобро ако се усовршите во работата.

УНИФОРМА
Углед и чест. Ако носите униформа – се прикажувате подобри отколку што сте. Искината униформа – неуспех.

УРИНА
Веселба. Ако пиете урина – добро здравје. Ако вршите нужда – загуба. Матна урина – болест.

УРМА
Љубов. ако јадете урми – ќе бидете сакани. Ако подарувате урми – наскоро со некого ќе бидете во љубов. Ако најдете урми – радувајте се на средбата која следи со една стара љубов. Ако берете урми – обесчестување. Горки урми – венчавање.

УРНА
Смрт на некое блиско лице.

УРНАТИНИ
Голема тага, страв од финансиска загуба.

УСНА ХРАМОНИКА
Ќе уживате во ситни задоволства.

УСНИ
Свежи, румени усни – среќа во љубовта. Бледи, бескрвни усни – разочарување во љубовта. Усни кои мамат бакнеж – ќе ви се исполнат тајните желби.

УСТА
Преголема уста – незадоволство. Полна уста – задоволство. Ако ве боли устата – голема непријатност.

УТЕХА
Ако се утешите на сон – имате големи пријатели. Ако не можете да се утешите – ќе добиете помош во неволја.

УТРО
Се наоѓате на почетокот на некој потфат кој ќе ви успее ако бидете разумни и внимателни. Убаво утро – надежите ќе ви се исполнат. Дождливо утро – кавги и жалост.

УЦЕНА
Ако уценувате некого – незадоволство во работата.

УЧЕНИК
Веселба со децата. Ако сте возрасни, а се сонувате како ученик – неуспех во работата поради вашата неумешност.

УЧЕЊЕ
Неочекувани, добри вести. Ако ве учат да играте – ќе бидете пофалени.

УЧИЛИШТЕ
Среќа. Ако одите на училиште – непредвидено задоволство. Училиште полно со деца – грижи.

УЧИЛИШНА ЗАДАЧА
Во работата ќе наидете на непредвидени тешкотии.

УЧИЛИШНО ЅВОНО
Проверете дали се сте направиле за да ви успее потфатот.

УЧИЛИШНА КЛУПА
Ако седите на училишна клупа – некоја задача не сте ја ивршиле како што треба.

УЧИЛИШНА ТАБЛА
Ќе влезете во долгови.

УЧИТЕЛ
Лекомисленоста ќе ве упропасти. Ако разговарате со него – ситуацијата ќе ви се среди.

УЧИТЕЛКА
Некој ќе ви помогне во неволја.