ВАГА
Работа со суд, добивка, неизвесност.

ВАГОН
Нема потполно да успеете. Aко паднете од вагон – излез од неизвесноста.

ВАЗНА
Весело изненадување. Aко добиете како подарок – деловен успех. Aко ja скршите – бес.

ВАЛЦЕР
Ако играте – љубовна изјава. Aко гледате како други играат – невозвратена љубов.

ВАНИЛА
Ќе стигнете во високо друштво.

ВДОВЕЦ/ВДОВИЦА
Пријатно познанство. Успех на работа и добри вести. Ако се сонувате како вдовец/вдовица – радувајте му се на она што ве очекува.

ВЕЃИ
Радост и задоволство. Густи веѓи – имаш моќен заштитник. Ретки веѓи – забава и радост.

ВЕЗ
Ако на сон везете или видите вез – ќе бидете наградени.

ВЕЛОСИПЕД
Кавга дома.

ВЕНЕЦ
Зелен – свадба. Црвен – љубов. Ако плетете венец – радосна иднина. Ако носите венец на нечиј гроб – неисполнети надежи. Ако носите венец на глава – клеветење. Златен венец – ве очекува у6ав живот. Ако девојка сонува венец – има верна љубов.

ВЕНЧАЊЕ
Среќа во бракот.

ВЕПАР
Ако трча – ќе избегнете некоја опасност. Ако убиете вепар – ви претстои опасна авантура. Ако уловите вепар – радост.

ВЕРВЕРИЦА
Среќа. Ако ја гледате како јаде – среќа во семејниот круг. Ако ве гризне – зло.

BEPHИК
Некои пречки ќе бидат преминати.

ВЕСЕЛБА
Весело друштво – препреки. Ако си весел – неправди.

ВЕСЛАЊЕ
Работа без признание.

ВЕСЛО
Кратко патување, радост.

ВЕСНИК
Ако читате – ќе чуете добри вести.

ВЕСТИ
Ако слушнете вести – болест.

ВЕТЕР
Голема кавга. Ако те носи, биди постојан. Ако слушаш ветер, некој те лаже. Ако ви дува од грб – добри пријатели. Ако ви дува во лице – несреќен случај. Ако се борите против силен ветер – успех, благодарение на упорноста.

ВЕТЕРНИЦА
Ако врти – успех во работата. Ако стои – работите бавно се одвиваат.

ВЕЧЕРА
Среќа и благосостојба. Богата вечера – не подлегнувајте им на страстите. Сиромашна вечера – се дружите со луѓе кои ве чинат многу. Ако ве канат на вечера – не работите чесно. Ако вечерате во друштво – среќа во работата. Ако гледате како други вечераат – сменете го начинот на живеење.

ВИКАЊЕ
Ако чуете викање – благословени сте.

ВИЛА
Ненедејна среќа.

ВИЛУШКА
Ве опкружуваат пријатели со лоши намери.

ВИНАРСКИ ПОДРУМ
Минливи тешкотии.

ВИНО
Ако пиеш – другите ве искиристуваат. Вино да тече како река – богатство. Ако е истурено – ќе ве следи среќа. Ако истурате – кавга. Бело – злонамерни пријатели. Црно – убава иднина. Матно – грижи. Ако видите вино во чаша – несигурна иднина.

ВИНОВА ЛОЗА
Не се мешајте во туѓите работи. Ако ја садите – напредок. Ако ја режете – задоволство и мир во семејството.

ВИНОЖИТО
Среќа. Ако ви е над глава – ќе средите некои имотни прашања.

ВИНСКА БОЧВА
Гости. Полна – задоволство. Празна – тешкотии.

ВИОЛИНА
Ако свирите на виолина – пријатни моменти во фамилијата. Ако слушате како некој свири – ќе бидете поканети во пријатно друштво.

ВИСТИНА
Ако чуете како некој ви ја кажува вистината – ќе мора нешто да признаете. Ако вие ја зборувате вистината – непријатности.

ВИУЛИЦА
Грижи.

ВИШНА
Ако јадете вишни – грижи. Ако берете вишни – добиток.

ВЛАСТ
Ако вие имате власт – неприлики во работата. Ако имате работа со власта – ќе се смирите со непријателите.

ВЛЕЗ
Ако не можете да го најдете – неуспех.

ВЛЕЧКИ
Некој желно ве очекува. Ако вие ги носите – ќе ви се исполни некоја желба.

ВЉУБЕН ПАР
Ќе уживате во тајни задоволства.

ВЉУБУВАЊЕ
Ако се вљубите – напредок.

ВНУК
Благосостојба.

ВОДА
Вода да тече – ве лажат. Ако пиете вода – ќе западнете во тешкотии. Бистра вода – здравје. Матна – зло. Топла – несреќен случај или болест. Ладна вода – радост. Ако се бањате во матна вода – загу6а на некое драго лице. Ако истурате вода – се лажете самите себеси. Ако скокнете или паднете во вода – ќе ве прогонуваат. Мирна вода – жалост. Жуборење на вода – задоволство и среќа. Ако давате некому вода – верно пријателство. Длабока вода – опасност.

ВОДЕНИЦА
Оговарање. Ако поседувате воденица – богатство.

ВОДЕНИЧАР
Избегнувај весели друштва.

ВОДЕНИЧКИ КАМЕН
Несреќа.

ВОДОВОД
Добиток.

ВОДОПАД
Радост.

ВОЗ
Патување. Ако возот стои – ќе избегнете некоја несреќа. Брз воз – голема промена.

ВОЗБУДУВАЊЕ
Ќе ви се исполни некоја желба.

ВОЗДИШКА
Ако воздивнувате – неостварени желби. Ако чуете како други воздивнуваат – некој чезнее по вас.

ВОЗЕН РЕД
Патување.

ВОЗЕЊЕ
Ако се возите во кола – внимавајте ве искористуваат. Ако се возите во свечена кола или пајтон – унапредување. Ако се превртите при возење – непријатно доживување.

ВОЈНА
Кавга.

ВОЈНИК
Ако сте војник – ти претстои опасност. Ако видите убаво облечен војник – чест.

ВОЈСКА
Радосен настан.

ВОЛ
Ќе живеете во мир и изобилство. Многу волови – свадба. Ако пасе – радост. Впрегнати волови – среќа во бракот и љубовта. Ако колете вол – несреќа. Ако се тепаат волови – опасност.

ВОЛК
Ако волкот завива – непријатности. Ако ве гони – непријател. Ако го совладате – победа над непријателите. Ако убиете волк – лицемерен подарок. Стапица за волк – штета.

ВОЛНА
Сплетки и лаги. Ако купувате или продавате волна, успех во трговијата. Ако чешлате волна – ве опкружуваат лоши луѓе.

ВОЛНЕНА ОБЛЕКА
Благосостојба. Ако носите волнена облека – голема добивка. Ако ја видите на друг – неуспех во некој потфат.

ВОСОК
Ако се топи – штета.

ВОСОЧНА ФИГУРА
Ќе бидете во друштво на досадни луѓе.

ВОШКА
Добивка. Ако видите вошки на друг – успех. Ако ги убивате вошките – пари. Многу големи вошки – благосостојба.

ВРАПЧЕ
Радост. Ако гледате како летаат – празни ветувања. Ако ловите – неочекувана средба. Големо јато врапци – пазете се од озборувања. Врапци на покрив – ќе ве исмејуваат.

ВРАТ
Ако го миете вратот – здравје. Отечен врат – успех и добивка. Дебел врат – благосостојба. Долг и слаб – болест.

ВРАТА
Пријателство. Отворена врата – добар глас. Ако со тешкотии ја отворате вратата – другите не ве сваќаат. Затворена врата – разочарување. Скршена врата – пазете се од крадци.

ВРАТАР
Озборување.

ВРАЌАЊЕ
Враќање од некаде – изнанадување.

ВРБА
Среќа. Ако сечете гранки од врба – несреќа.

ВРВКА
Сплетки, озборувања. Златна врвка – чувај си го имотот. Врвка околу тело – незадоволство. Зелена – надеж. Црвена – радост. Жолта – бес. Сина – верна љубов. Црна – грижи. Бескрајна врвка – долгови.

ВРЕЌА
Многу вреќи – не расфрлај ги парите непотребно. Полна вреќа – напредок. Празна вреќа – штета. Вреќа полна со овошје – загу6а. Искината или дупната вреќа – голема загуба. Ако носите тешка вреќа – мачен живот.

BPИЕЊE
Ако гледате како нешто врие – добивка во игрите на среќа.

ВУЈКО
Среќен настан во семејството.

ВУЛКАН
Жив вулкан – радосно изненадување. Згаснат вулкан – непријатности.