ЗАБАВА
Ако на сон се забавувате – ќе одите на нечиј погреб и бидете среќни што тоа не е ваш.

ЗАБАР
Бес и јад.

ЗАБИ
Ако ви паѓаат – смрт во семејството. Ако извадите заб – ќе ги прекинете односите со некое непријатно лице. Ако поправате заби – ќе си ја средите ситуацијата. Расипани заби – болест. Убави, бели заби – здравје. Нов заб – ќе чуете нешто што не сте го знаеле досега. Вештачки заб – разочарување. Златни заби – богатство. Ако на сон миете заби – штета. Ако ве болат заби – блиски луѓе ќе ви нанесат навреда.

ЗАБИВАЊЕ
Ако забивате нешто – само со решителност и храброст ќе постигнете успех.

ЗАБЛУДА
Ако сте во некаква заблуда – ќе најдете пријатели во неволја.

ЗАБОРАВАЊЕ
Ако на сон нешто заборавите – загуба, назадување во работата.

ЗАБУНА
Ако направите некаква забуна – пазете се од лажните пријатели.

ЗАВЕДУВАЊЕ
Ако сте заведени – околината ве смета за лош човек. Ако заведувате некого – се дружите со лошо друштво.

ЗАВЕСА
Ќе се открие некоја тајна, неизвесна иднина.

ЗАВЕТ
Ќе имате непријатности поради неодржани ветувања.

ЗАВИВАЊЕ НА ЖИВОТНО
Многу лоши вести.

ЗАВИДУВАЊЕ
Ако некому завидувате – успех, но со големи напори.

ЗАВОЈ
Ќе ја изгубите сопствената слобода (можеби со венчавање).

ЗАГАТКА
Ако решавате загатка – ќе добиете некои важни објаснувања. Ако не ви успева да ја решите загатката – ќе се најдете пред некој многу замрсен проблем.

ЗАДОЦНУВАЊЕ
На некој состанок – ќе пропуштите некоја поволна можност.

ЗАЕМ
Ако добиете заем – ќе преземете некоја должност. Ако дадете заем – ќе си создадете непријатели.

ЗАЈАК
Бел зајак – успех. Црн зајак – несреќа. Ако јадете месо од зајак: ако сте болни – ќе оздравите, ако сте здрави – благосостојба. Ако убиете зајак – некој ќе ве поткаже дома. Ако пукате во зајак – незгода на пат. Ако гледате како играат или трчаат зајаци – озборување.

ЗАЈДИСОНЦЕ
Долг живот и добро здравје.

ЗАКАНУВАЊЕ
Неуспех при остварување на плановите.

ЗАКЛЕТВА
Ако полагате заклетва – некому му е потребна ваша помош. Ако лажно давате заклетва – ви претстои брак со вдовец/вдовица.

ЗАКОПУВАЊЕ
Некого или нешто – пазете се, ќе имате судски спор. Ако ве закопале живи – ќе бидете казнети поради љубопитност. Ако сте мртви и ве закопуваат – ви претстои скоро венчавање.

ЗАКУП
Ако земете нешто под закуп – благосостојба.

ЗАЛИВ
Среќа, спас од непријатностите.

ЗАЛОГ
Ако давате нешто под залог – успех во работата. Ако примате залог – не распрашувајте се околу туѓите тајни. Ако не го искупите залогот – непријатности. Ако заложите туѓ предмет – неверство.

ЗАЛУТУВАЊЕ
Ако на сон залутате – ве очекуваат и пријатни и непријатни изненадувања. Ако залутате во град – полека, но сигурно ќе стигнете на целта. Ако залутате вон град – залудно се трудите. Ако залутате во шума – ново познанство. Ако залутате во поле – беда.

ЗАМАВНУВАЊЕ
Деловен успех.

ЗАМЕНА
Ако заменувате нешто со некого – ќе имате успеси во однесувањето со луѓето.

ЗАМИНУВАЊЕ
Без поздрав – нагла смрт. Со поздрав – промена на позициите.

ЗАМОК
Ако видите замок – нема да ви се остварат желбите. Ако живеете во замок – благосостојба и среќа.

ЗАМОР
Ако на сон почувствувате замор – во своите потфати ќе застанете пред самата цел.

ЗАНАЕТЧИЈА
Башата вредност ќе дојде до израз.

ЗАПАЛКА
Премногу сте експлозивни и тоа ќе ви донесе само штета.

ЗАПАЛУВАЊЕ
Ако запалите оган – ве очекуваат низа непријатности поради сопствено незнаење. Ако ја запалите својата куќа – телесни повреди. Ако запалите туѓа куќа – кавга, а можеби и тепачка.

ЗАПОЗНАВАЊЕ
Со некого – непријатности.

ЗАРАЗА
Болест во семејството.

ЗАРОБЕНИК
Ако сте заробеник – не грижете се за секојдневните потреби. Ако видите заробеници – ќе ве излажат.

ЗАСЕДА
Ако паднете во заседа – добро ќе се одвива работата. Ако некому спремате заседа – се подготвува некое зло.

ЗАСИПНАТОСТ
Ако сте засипнати – добивка, корист. Ако е некој друг засипнат – некој ќе се насладува со плодовите од вашата работа.

ЗАСОЛНИШТЕ
Ако барате засолниште – ќе се случи нешто многу непријатно. Ако барате и не наоѓате засолниште – имате неверни пријатели. Ако го најдете – ќе добиете помош во неволја. Ако живеете во засолниште – ќе доживеете срам или штета поради непристојно однесување.

ЗАТВОР
Пред вас стои една многу непријатна задача. Ако сте во затвор – ве очекуваат големи неприлики. Ако излегувате од затвор – ослободување од грижите.

ЗАШТИТНИК
Ако сте некому заштитник – имате добри намери, но околината лошо ве сфаќа. Ако имате заштитник – ќе ве наговараат на злодело.

ЗБИРКА
На растенија – радост. На камења – непријатен настан. На марки – напори без цел. На инсекти – непријатности.

ЗБОРОВИ
Ако чуете зборови и ги разберете – среќа. Ако не ги разберете – лошо ќе ви тргне.

ЗБОРУВАЊЕ
Ако некому нешто зборувате – углед. Ако слушате некого како зборува – ќе бидете во досадно друштво. Ако на сон зборувате на странски јазик – ќе се израдувате на гости од далеку.

ЗГРАДА
Ако гледате како се гради – со трудољубивост ќе дојдете до успех. Ако се вселувате во нова зграда – подобрување на материјалната ситуација. Рушење на зграда – ви претстојат многу пречки на патот до успехот.

ЗДОЛНИШТЕ
Ако добиете здолниште – штета. Ако купите здолниште – сиромаштија. Ако носите црно здолниште – погреб. Искинато здолниште – корист.

ЗДРУЖУВАЊЕ
Со некого – ви претстои брак.

ЗЕБРА
Неуспех порад неодлучност.

ЗЕЛЕНА БОЈА
Среќна иднина.

ЗЕЛЕНЧУК
Ако берете зеленчук – ќе ви се исполнат некои тајни желби. Ако готвите зеленчук – кавги во семејството. Ако јадете јадење од зеленчук – многу непријатности поради сопствената лекомисленост. Ако јадете сиров зеленчук – ви се заканува опасност од пожар.

ЗЕЛКА
Ако садите зелка – безгрижен живот. Ако јадете зелка – остварување на желбите, но со голем труд.

ЗЕМЈА
Ако копате земја – непријатен настан. Ако лежите на земја – болест, непријатности. Ако се отвори земјата – кавги. Исушена земја – непријатности и неуспеси. Плодна земја – благосостојба.

ЗЕМЈИНА ТОПКА
Големо патување.

ЗЕМЈОДЕЛЕЦ
Благосостојба со многу труд.

ЗЕМЈОДЕЛИЕ
Богатство.

ЗЕМЈОТРЕС
Не ги заборавајте своите должности кон црквата.

ЗЕТ
Грижи.

ЗИМА
Непријатности. Време е да почнете со работа.

ЗИМЗЕЛЕНО ДРВО
Верувајте им на пријателите.

ЗИМНИЦА
Ако спремате зимница – само со штедење ќе дојдете до заработувачка.

ЗЛАТАР
Загуба на пари.

ЗЛАТНА РИПКА
Среќата ќе ви избега.

ЗЛАТНО ЛАНЧЕ
Венчавање во семејството или на некои пријатели.

ЗЛАТНИК
Ако барате златници – големи трошоци. Ако најдете златници – радост и благосостојба.

ЗЛАТО
Ако најдете злато – среќа, наследство. Ако копате злато – ќе наидете на среќа таму каде што ја очекувате. Ако поседувате злато – богатство. Ако ковате злато – благосостојба. Ако сте закитени со злато – луѓето ве сметаат за премногу лоши. Ако крадете злато – лоши вести. Ако подарувате злато – ќе бидете поканети на нечија свадба. Ако изгубите злато – загуба. Ако добиете злато како подарок – ќе бидете осрамотени.

ЗЛОСТОРСТВО
Ако видите злосторство – ќе имате работа со полиција. Ако направите злосторство – смртна опасност.

ЗМЕЈ
Ако ве гони – со многу маки ќе избегнете некоја опасност. Ако се борите со змеј – ќе направите некое добро дело. Ако јавате на змеј – голема чест. Змеј од хартија – веселба. Ако гледате како лета змеј од хартија – искачување и благосостојба. Ако паѓа змеј од хартија – непријатности.

ЗМИЈА
Некој од вашата околина сака да ви наштети. Змија со повеќе глави – голема опасност. Многу змии – подмолни пријатели. Многу змии од кои не можете да избегате – има малку изгледи за подобри времиња. Ако ве касне змија – поради озборување ќе расипете некои добри односи. Ако убиете змија – триумф над непријателите. Голема змија – загуба. Мала змија – ќе се лутите некому. Ако вие ја нападнете змијата – опасност, болест.

ЗНАМЕ
Среќа. Ако се вее на ветар – пребродена опасност. Ако носите знаме – пресврт на подобро во работата. Знаме на куќа – ве чека слава. Улица со знамиња – веселба.

ЗНАЧКА (БЕЏ)
Ако носите значка – непријатности. Ако видите значка на друг – ќе избегнете некои непријатности.

ЗООЛОШКА ГРАДИНА
Ао успех ќе завршите некоја важна работа.

ЗУМБУЛ
Ќе добиете подарок.