По речиси три децении на пат, британскиот авантурист Карл Бушби е се поблиску до исполнување на своето ветување од 1998 година, да го обиколи светот пеш и да се врати на мајка си без да користи никакво превозно средство.
Неговата неверојатна патувачка авантура започнала во Чиле, и за 28 години поминал низ 29 земји, изодел десетици илјади километри, соочувајќи се со тешки временски услови, опасни предели и многу административни пречки.
На 5 октомври 2026 година, тој повторно пристигнал во Велика Британија, преминувајќи го Ла Манш за три дена, од кои 20 часа поминал во водата. Со ова, тој одбележа еден од најзначајните моменти во својата долгогодишна експедиција.
Сепак, неговото враќање во Британија не значи и крај на патувањето. До домот на мајка му во Хал, Северна Англија, му остануваат уште околу 400 километри пешачење. Само по овој последен дел ќе ја заврши мисијата што ја започнал пред многу години.
Во текот на својата експедиција, Бушби поминувал низ различни предели, вклучувајќи пустини, џунгли, планини и ледени области. Уште едно од најтешките искушенија било преминувањето на Беринговиот Проток, каде што поради затворените граници морал неколку пати да ги менува своите планови.
Неговата упорност се заснова на едно едноставно правило – да не се врати дома додека не го заврши патувањето пеш. Од авантура која започнала во младоста, неговото патување прераснало во животна цел, првичната мисија барала голема физичка и психичка издржливост.
Сега, по 28 години, 29 земји и илјадници километри, Бушби е поблиску од кога било до исполнување на ветувањето дадено во 1998 година, чекајќи ја последната станица пред врата на својот дом.

