По успешно одржаните три концерти во Арената и разгласениот интерес од гледачите, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со концерт во рамките на нејзината турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.
На почетокот, настанот беше планиран да се одржи во арената „Јане Сандански“, но по зголемениот интерес од публика, концертот е преместен во арената „Борис Трајковски“.
Концертот останува за 28 ноември, а посетителите кои веќе купиле билети за првичната локација можат да бидат мирни, бидејќи билетите ќе важат и за новата локација.
Весна Змијанац има зад себе пет децении музичка кариера и многу хитови кои се дел од културниот репертоар на многу генерации. Во Скопје, таа ќе понуди спектакуларна музичка вечер исполнета со познати мелодии и емоции од нејзината богата кариера.
За оние кои сè уште не обезбедиле билет, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември, Скопје ќе има можност да ужива во концертот на една од најдобрите пејачки во регионот.


