Диџеј Галоски и неговата сопруга Благица Павлова го изрекоа судбоносното „да“!
Благица ја сподели фотографијата од нивниот важен ден, на која младенците позираат заедно, со неа во преубава венчаница, а него во елегантен црн костум.
Фотографијата брзо привлече внимание на социјалните мрежи, каде што многу следбеници и пријатели им упатија честитки и убави желби за нивниот заеднички живот.
Љубовта и среќата на нивните лица ја направија фотографијата уште поубава, а честитките постојано пристигнуваат за новиот брачен пар.
Им посакуваме многу љубов, разбирање и среќни заеднички години!


