Калтрина Круезиу повторно привлекува внимание на социјалните мрежи со својата духовита објава на стори, во која се шегува на сметка на мажите и нивното познавање на жените.
„Многу корисна книга“ – напиша таа, споделувајќи фотографија од книга со целосно празни страници. Оваа шега јасно укажува на тоа колку мажите навистина знаат за жените, нивните желби и потреби.
Калтрина е позната во Македонија како професорка по солфеж, мејкап артистка и инфлуенсерка, која на социјалните мрежи дели содржини поврзани со убавината, модата и својот секојдневен живот.
Овој пат, наместо модна комбинација или совет за убавина, таа се одлучи за хумор и кратка, но впечатлива досетка. Книгата што ја покажува изгледа дека нејзината содржина би можела да се прочита за момент, бидејќи нема ниту еден збор!


