Пејачката Јелена Карлеуша сподели детали за образованието на своите ќерки, Атина и Ника. Таа раскажа како се снаоѓа Атина во Милано, каде што почнала со студиите, и откри дека постои можност на крајот да добие трето дете.
Во последно време, медиумите пишуваат и за нејзиниот однос со 25-годишниот Александар Шев, за кого се шпекулира дека може да стане нејзин нов партнер. Пејачката, сепак, се фокусираше на своите ќерки и нивната образовна патека.
Таа изрази загриженост за помладата ќерка, истакнувајќи дека би било тешко да ја види како заминува во странство за образованието. Во шега, рече дека во таков случај можеби ќе размисли да роди уште едно дете.
„Сето мое срце е за тоа моите деца да студираат во Србија. Ние имаме одлични факултети и универзитети, а нашето образование е на високо ниво. Увек треба да ја избереме нашата земја! Како ќе избегам осамувањето доколку и Ника замине? Можеби би родила трето дете, за да имам нешто ново во животот. Имам и кученца и мачиња кои ми прават друштво, и многу пријатели, па не се чувствувам осамено. Утре имам концерт во Скопје“, изјави Карлеуша.
Атина, постарата ќерка на Јелена и Душко Тошиќ, учи во Милано, каде што родителите ѝ изнајмиле стан. Јелена рече дека Атина е воспитана да биде самостојна и скромна, а во новата средина споделува трошоци со цимерка и користи велосипед за да се движи.
„Таа е благодарна за сè и научена е да живее нормален живот. Гордa сум на неа и на нејзиниот успех, исто како и на Ника, која учи во средно училиште“, додаде таа.
Исто така, повтори дека иако Атина добро се снаоѓа, одвоеноста од семејството ѝ создава потешкотии. За среќа, Ника ќе помине викенд со неа во Италија.


