Утре, во сабота (17.10.2026), одредени делови од Скопје ќе останат без водоснабдување поради планирани работи на водоводната мрежа, соопштува ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Прекинот во водоснабдувањето е планиран поради замена на затворот Ф-100 на улицата „Миладин Поповиќ“ број 15.
Корисниците од улицата „Миладин Поповиќ“, како и од делови од улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булеварот „Илинден“ ќе бидат без вода.
Според информациите од надлежното претпријатие, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршувањето на работните активности.


