in

Земјотрес од 4,2 степени ги погоди Кефалонија – познато е каде е епицентарот!

Кефалонија, грчкиот остров во Јонското Море, беше погоден од земјотрес со магнитуда од 4,2 степени според Рихтеровата скала, во раните утрински часови на 17 октомври, во 2:57 часот по локално време. Геодинамичкиот институт при Националната опсерваторија во Атина утврди дека епицентарот се наоѓал на околу четири километри северно од Сами, со длабочина од 17,3 километри.

Првичните информации од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар укажуваат на длабочина од пет километри, лоцирана околу 11 километри јужно од островот Итака. Земјотресот бил почувствуван и во околните подрачја, а на страницата на центарот објавени се сведоштва од граѓани кои пријавиле тресење.

Во моментот, грчкиот јавен сервис ЕРТ њуз нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Хилари Свонк повторно ќе стане мајка на 52 години

Во недела ја менуваме времето – Кога започнува зимското сметање?