Полицијата во Ресен привела 24-годишна девојка од село Подмочани, која ја надминала дозволената брзина дури за 92 километри на час. При редовна сообраќајна контрола, во близина на селото Рајца, таа била фатена како управува возило „ауди“ со брзина од 142 километри на час, на делница каде што максимално дозволената брзина е 50 километри на час.
Инцидентот се случил на 19 октомври, а по утврдувањето на прекршокот, полициските службеници ја привеле девојката, а возилото ѝ било одземено по упатство на јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило, изјави Министерството за внатрешни работи.


