in

Општина Дебрца нуди 30.000 денари на млади брачни парови кои планираат да се венчаат!

Младите кои се подготвуваат да се венчаат на “лудиот камен” можат да добијат финансиска помош од Општина Дебрца. Локалната самоуправа објави мерки според кои младите до 30 години за првпат склучуваат брак, можат да добијат 30.000 денари, додека оние над 30 години добиваат 6.000 денари.

Основниот услов за добивање на оваа финансиска поддршка е барателите да живеат постојано на територијата на Општина Дебрца. Од општината истакнуваат дека оваа помош е дел од поширок пакет мерки насочени на поддршка на семејствата, младите и граѓаните во потреба.

Сепак, помошта за склучување брак не е единствената мерка на општината. Така, за првото и второто новороденче се планирани по 6.000 денари, додека за третото и секое следно дете поддршката изнесува 100.000 денари. Дополнително, предвидена е помош до 30.000 денари за семејства кои претрпеле штети од пожари и поплави, како и еднократна финансиска помош за лекување и социјални пакети за оние најранливи.

Од Општина Дебрца потврдуваат дека оваа поддршка се реализира според буџетските можности. За заинтересираните граѓани, важно е да ги проверат условите и потребната документација пред да поднесат барање. Отворено останува прашањето дали овие мерки ќе бидат имплементирани и од страна на други општини во земјава, особено во време кога организацијата на свадба и ангажманот во семеен живот носи значителни финансиски предизвици за младите.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Роналдо доби суспензија и парична казна од 255 евра, износ што го заработува за само 39 секунди!