in

Во недела се менува времето, не заборавајте да ги поместите часовниците!

Промената на времето повторно доаѓа. Во ноќта помеѓу сабота и недела, на 25 октомври, започнува зимското сметање на времето во Северна Македонија. Точно по полноќ, часовниците ќе се вратат за еден час наназад, односно од 03:00 ќе биде 02:00, што значи дека граѓаните добиваат дополнителен час за спиење.

Со оваа промена, утрото ќе има повеќе дневна светлина, но сонцето ќе заоѓа порано, што значи пократки денови и подолги вечери во темнина.

Следното поместување на часовниците е предвидено за 28 март 2027 година, кога повторно ќе се воведе летното сметање на времето. Потоа, на 31 октомври 2027 година, повторно ќе се врати зимското сметање.

Прашањето за укинување на сезонското поместување на времето се разгледува во Европската Унија. Европскиот парламент во 2019 година ја поддржа идејата за прекин на оваа практика, но конечна одлука не е донесена поради недостаток на согласност меѓу земјите-членки за тоа дали да се задржи летното или стандардното време.

Иако официјалниот календар ги вбројува датумите за промена на времето до 2031 година, тоа не значи дека практиката е загарантирана. Доколку европските институции постигнат договор, сезонското поместување може да биде укинато порано.

Додека не се случат промени, важат досегашните правила: во последниот викенд од март часовниците се поместуваат еден час нанапред, а во последниот викенд од октомври за еден час наназад. Затоа, овој викенд не заборавајте да ги приспособите часовниците кои не се автоматски.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Даниел Редклиф го гледа „Хари Потер“ со својот син, кој не знае дека неговиот татко е славниот волшебник!

По 18 години, старата дилема повторно актуелна – Софија Манева открива дали станува збор за љубов или нешто друго!