in

Од 1 декември скопјани ќе плаќаат поскапо парно, просечната сметка ќе се зголеми за 188 денари

Граѓаните на Скопје од 1 декември ќе добиваат повисоки сметки за парно греење, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука да ги зголеми цените на топлинската енергија поради поскапувањето на природниот гас.

За домаќинствата што се снабдуваат преку ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција, ЕСМ Производство на топлина и ЕСМ Енергетика, цената ќе биде повисока во просек за 7,56 проценти.

Помало зголемување ќе има кај корисниците на мрежата на поранешната Топлана Скопје Север, со која управува „Енерџи Еколинк“. Кај нив, парното ќе поскапи за 5,84 проценти.

Според новата пресметка, просечната месечна сметка ќе биде повисока за 188 денари и ќе изнесува 2.681 денар. Новите цени ќе важат од 1 декември.

Одлуката е донесена по барањата на компаниите што ги снабдуваат скопските домаќинства со топлинска енергија, кои побарале повторно разгледување на цените утврдени во јули, а кои се применуваат од 1 август 2026 година, поради променетите трошоци за снабдување.

Главната причина за корекцијата е растот на цената на природниот гас, поради што скопјани во зимските месеци ќе мора да издвојуваат повеќе пари за греење.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Од следната недела преку мобилна апликација ќе може да се провери дали е изречена сообраќајна казна