Познатиот македонски изведувач Тајзи и неговата сопруга Ангела го започнаа новото и значајно поглавје во својот живот – станаа родители.
Двојката доби син, Захариј, а Тајзи сподели среќната вест со своите следбеници на Инстаграм, укажувајќи на тоа дека денот на раѓањето на нивното прво дете ќе остане врежан во нивните срца.
„Ова е најубавиот ден во нашите животи. Среќата навистина се крие во малите нешта – во еден поглед, допир и едно малечко срце кое ни го промени целиот свет. Ти благодариме, Боже, за најубавиот подарок што можевме да го добиеме“, напиша Тајзи.
Исто така, тој сподели дека бил присутен за време на породувањето, искуство кое му го променило погледот за силата на жената.
„Бев таму и сега знам зошто мајките се најсилните суштества на светот. Ангела, ти се восхитувам повеќе од кога и да е“, додаде тој, со емотивни зборови кон својата сопруга.
Најнежниот дел од неговата објава беше посветен на нивниот син Захариј, кој му ветил дека тој и Ангела секогаш ќе бидат неговата сигурност и поддршка.
„А тебе, сине Захари, ти ветуваме дека цел живот ќе бидеме твоето засолниште, твојата поддршка и твојот дом“, порача Тајзи.
Со раѓањето на Захариј, за Тајзи и Ангела започнува ново поглавје исполнето со љубов, одговорност и незаборавни моменти. Денот кога првпат го зедоа својот син во раце несомнено ќе биде еден од оние денови кои се паметат цел живот.


