Пејачот Саша Ковачевиќ го привлече вниманието на социјалните мрежи со потегот што го направи по повод роденденот на својата поранешна девојка, Јована Јоциќ, која наполни 33 години.
Јована по тој повод објави фотографии од прославата на Инстаграм, а се истакнуваа големиот букет цвеќе, роденденската торта и емотивните моменти поминати со најблиските.
Заедно со фотографиите, таа напиша дека никогаш не била посреќна, а меѓу многуте честитки се најде и онаа од нејзиниот поранешен партнер.
Саша ѝ честиташе со емотикони со торта, срце и прегратка, а Јована му возврати со срце и симбол за прослава.
Нивната кратка размена на пораки предизвика интерес и покажа дека, и покрај раскинувањето, двајцата останале во коректни односи.

