in

Системот „Безбеден град“ воведува нова функција за откривање на мотоциклисти без кацига!

Системот „Безбеден град“ се подготвува за нова иновација, која ќе овозможи автоматско откривање на мотоциклисти кои возат без заштитна кацига.

Оваа информација ја потврди министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој објави дека технологијата ќе биде надградена за да вклучува вештачка интелигенција, што ќе ѝ овозможи на камерите да идентификуваат додатни сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи веќе бележи прекршоци направени од мотоциклисти, а во иднина се планира системот да се опреми со нови функции за автоматско детектирање и санкционирање.

Системот започна со работа во февруари, при што во првите 30 дена биле забележани над 19.000 сообраќајни прекршоци, вклучувајќи минување на црвено светло и управување со возило со истечена дозвола.

Од МВР исто така известуваат за подобрување на безбедноста на патиштата, со податок дека во текот на првите девет месеци од годината, 33 лица загубиле живот во сообраќајни несреќи, помалку отколку во ист период лани, а бројот на повредени е намален за околу 19%.

Датумот за воведување на автоматското санкционирање на мотоциклисти без кацига сè уште не е најавен.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Публикувани фотографии од повредите на Криста Пајк

8,8 МИЛИОНИ луѓе во ризик – Голем сајбер инцидент ја шокира Данска!