Драматични настани се случија утрово во Истанбул, кога околу 5:40 часот по локално време, дел од седумкатна зграда во населбата Малтепе се урива.
Првите три ката целосно се срушиле, а се стравува дека под урнатините можат да бидат заробени луѓе. На местото веднаш пристигнаа пожарникари, спасувачки екипи, полиција и медицински лица.
Спасувачите со помош на обучени кучиња интензивно ја пребаруваат местото на несреќата. Неколку лица, вклучувајќи и деца, веќе се извлечени живи и пренесени во болница.
Причината за уривањето сè уште не е позната, а надлежните предупредуваат на опасност од дополнителни урнатини на преостанатиот дел од објектот.


