Трагичен инцидент ја шокираше Полска, откако 15-годишник со нож нападна тројца вработени во основно училиште во Лешчидол-Новини, блиску до Вишков.
Нападот се случи во четвртокот околу 9 часот наутро. Осомничениот бил поранешен ученик на училиштето и повредил тројца членови на персоналот.
Најтешко поминала 37-годишна вработена, која се здобила со тешки повреди и, и покрај напорите за реанимација, починала.
Директорот на училиштето, кој се обидел да го спречи напаѓачот, исто така е повреден.
Полицијата брзо реагираше и го уапси осомничениот, а истрагата за причините и околностите на нападот продолжува.
Овој трагичен случај предизвика дополнителна загриженост, бидејќи се случува само два дена по сличен инцидент во североисточна Полска, каде 19-годишен ученик нападна повеќе лица со мачета.
Двата инциденти повторно го отворија прашањето за безбедноста во полските училишта и мерките за спречување на насилството во образованието.


