in

Скопје ќе има чест да биде домаќин на легендарната Весна Змијанац: Голем концерт на 28 ноември во „Борис Трајковски“!

По три успешно распродадени концерти во Арена, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со значаен концерт во рамките на нејзината турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.

Првично, настанот беше планиран да се одржи во арената „Јане Сандански“, но поради огромниот интерес од публиката, местото е променето во арената „Борис Трајковски“.

Датумот останува непроменет – 28 ноември, а посетителите кои веќе закупиле билети за првичната локација не треба да се загрижуваат, бидејќи тие ќе важат и за концертот во „Борис Трајковски“.

Весна Змијанац има зад себе пет децении музичка кариера, полна со хитови кои се дел од репертоарот на многу генерации.

Овој концерт ќе биде дел од нејзината голема турнеја по повод 50 години на сцената.

За оние кои сè уште не обезбедиле билети, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември, Скопје ќе биде сведок на вистински музички спектакл, исполнет со познати песни и емоции од богатата кариера на една од најпознатите пејачки во регионот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Моќно торнадо се спушти на Сицилија, со големи штети и повредени лица