Би-Би-Си известува дека мажот кој во саботата попладне го усмртил тигар во зоолошкиот парк „Јоркшир вајлдлајф парк“ се вика Вилијам Чепмен.
Тој влегол во оградениот простор за тигри во зоолошкиот парк, близу Донкастер, Англија, нешто по 13:30 часот по локално време. Мажот починал на самото место, како што потврдила полицијата на Јужен Јоркшир.
Очевидец изјавил дека го видел Чепмен со слушалки како се движи во близина на оградата пред да влезе во неа, каде што бил нападнат од тигарот. Полицијата констатирала дека тој посетувал паркот сам.
Портпаролот на полицијата изјавил дека семејството на починатиот е информирано и дека им се нуди поддршка од специјализирани полициски службеници. По инцидентот, зоолошкиот парк е евакуиран и ќе остане затворен додека трае истрагата за смртта на мажот.
Градскиот совет на Донкастер во моментов спроведува сопствена истрага во врска со здравствените и безбедносните прописи за настанот. Портпаролот на советот истакнал дека истрагата се води во согласност со законските обврски.
Од „Јоркшир вајлдлајф парк“ изразиле искрено сочувство на семејството на починатиот и потврдиле дека амурскиот тигар по име Алтај останува во својот ограден простор и нема да биде еутаназиран.
Д-р Кембел Мур, експерт и поранешен член на владиниот комитет за зоолошки градини, прогласил дека овој инцидент е трагичен, но и дека луѓето често успеваат да влезат во просторите за животни под различни околности.


