Старите фотографии на познати личности секогаш предизвикуваат интерес, особено кога не е лесно да се идентификуваат. Таква е и сликата на малото девојче во црвен џемпер, со цвет во косата, која седи на моторче на вртелешка.
Денес, таа има скоро 900.000 следбеници на Инстаграм, во брак е со еден од најпознатите српски спортисти и е мајка на две деца, кои се централна точка во нејзиниот живот. Позната е по своето залагање за здрав начин на исхрана, фокусот на родителството и хуманитарната работа.
Родена на 17 јуни 1986 година во Белград, таа своето образование го продолжила надвор од Србија. Дипломирала деловна администрација на Универзитетот Бокони во Милано, а потоа магистрирала менаџмент на луксузни производи на Меѓународниот универзитет во Монако.
Фотографијата од детството ја враќа во времето на белградскиот Калемегдан, а со објавата открила дека и нејзиниот син Стефан денес ужива на истата вртелешка. “На истата вртелешка на која сега се вози Стефан. Добриот стар Белград”, напишала на англиски, а потоа на српски додала: “Оваа вртелешка сè уште не излегла од мода на Калемегдан”.
Ако сè уште не ја препознавте, станува збор за Јелена Ѓоковиќ, сопругата на тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ. Нејзината објава потсети дека некои места носат најубави спомени од детството, особено кога може да ги споделиме со своите деца.


