in

Казна од 70 евра и казнен поен за возење со празен резервоар во Германија

Возачите кои патуваат низ Германија треба да бидат внимателни на нивото на горивото во своите автомобили. Запирањето на автопат поради празен резервоар може да се смета за прекршок, бидејќи таквата ситуација можела да биде избегната.

Според германските медиуми, за ваков случај на возачите може да им биде изречена казна од 70 евра и еден казнен поен во Фленсбург, во зависност од околностите и правилната квалификација на прекршокот.

Ова правило е воведено поради безбедноста во сообраќајот. Возачите се обврзани да ги следат состојбите на своите возила, а знак за ниско ниво на гориво е јасен индикатор дека треба навреме да се наполни резервоарот.

Како што е наведено, ако возилото остане без гориво, се препорачува да се активираат предупредувачките светла, да се застане на безбедно место ако е можно и да се побара помош. Пред да излезете од автомобилот, задолжително облечете рефлектирачки елек. За време на запирањето, избегнувајте да се движите пеш по автопатот во потрага по гориво.

Иако цените на горивото на германските автопатски пумпи се почесто повисоки од оние надвор од нив, одложувањето на полнењето на резервоарот може да резултира во многу поголеми трошоци и непотребен ризик.

Затоа, пред да тргнете на подолго патување низ Германија, проверете го нивото на горивото во резервоарот – неколку минути застанување можат да ви заштедат од опасна ситуација и скапи казни.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Трагичен инцидент: 38-годишен маж од Кондово загина од струен удар

Николија и Реља се венчаа по 12 години љубов, бурмите ги открија на социјалните медиуми