Во трагичен настан кој се случи вчера, 38-годишен маж од селото Кондово загуби животот додека работел на куќа во изградба.
Според најновите информации од СВР Скопје, лицето со иницијали М.Б. добило струен удар, по што паднало на земја и починало.
Телото е предадено на обдукција, која ќе помогне во утврдувањето на деталите околу овој трагичен случај.


