Бугарскиот пејач Азис повторно направи бум на социјалните мрежи, овој пат по повод Ноќта на вештерките. Познат по својот ексцентричен стил и впечатливи модни комбинации, тој одлучи да ги изненади обожавателите маскиран како Спајдермен.
На својот Инстаграм-профил, Азис објави фотографија на која позира во препознатливиот црвено-син костим на овој популарен суперхерој. Објавата ја освежи со порака на англиски: „Ајде да се подготвиме заедно за Ноќта на вештерките“, што најави празнично расположение.
Фотографијата привлече внимание и генерираше бројни коментари и емотикони од неговите следбеници, вклучувајќи ја и пејачката Енца. Азис, кој години наназад е една од највпечатливите личности на бугарската сцена, не престанува да ги изненадува со својот провокативен имиџ и храбри модни избори.
Овој пат, наместо нов музички проект, пејачот го привлекува вниманието со својата маска за Ноќта на вештерките, потврдувајќи дека знае како да внесе забава и во светот на социјалните мрежи.


