Жителите на неколку улици во Општина Карпош утре ќе се соочуваат со прекин во водоснабдувањето поради работи на водоводната мрежа.
ЈП „Водовод и канализација“ известува дека прекинот е потребен за замена на затворач со профил Ф-100 милиметри на адресата „Миладин Поповиќ“ број 15.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот и ќе трае до завршувањето на работите.
Без вода ќе бидат корисниците на улицата „Миладин Поповиќ“, како и дел од домаќинствата и објектите на улиците „Орце Николов“, „Никола Тесла“, „Мирка Гинова“ и булеварот „Илинден“.
Претпријатието апелира до граѓаните да се подготват и навреме да обезбедат потребни количини на вода, како и да имаат разбирање за времетраењето на интервенцијата.

