СВР Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишен маж од Скопје, поради сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Според информациите на МВР, станува збор за П.Н. (49), за кого постои сомнение дека во февруари 2026 година извршил полови дејства врз малолетно лице.
Против него е поднесена кривична пријава, а случајот ќе продолжи да се води пред надлежните институции. Од полицијата засега не откриваат дополнителни детали за околностите на настанот.


