Мохамед Хадид, таткото на светски познатите манекенки Џиџи и Бела Хадид, наскоро повторно ќе застане пред олтарот со својата долгогодишна партнерка Кени Силва. Тој има 78 години, а таа 43, па нивната свршувачка привлече големо внимание и поради разликата од 35 години.
Парот ја потврдил убавата вест при пристигнувањето на гламурозен настан, кога Кени го покажала свршеничкиот прстен. Подоцна, Мохамед ја споделил веста и на социјалните мрежи.
Свршувачката се случила во романтичен амбиент, во познат ресторан на Беверли Хилс. Кени мислела дека оди на обична вечера, а всушност ја чекало изненадување. Дури помислила дека прославуваат нејзин професионален успех, сè додека не сфатила дека моментот е многу посебен и дека ѝ го менува животот.
Во разговор со странски медиуми, таа открила дека не го очекувала запросувањето, но нагласила дека искреноста и спонтаноста го направиле уште повредно.
Кени Силва е телевизиска водителка, авторка и претприемачка. Таа зад себе има еден брак, а има и ќерка. Мохамед Хадид е познат бизнисмен и поранешен сопруг на Јоланда Хадид, со која ги има децата Џиџи, Бела и Анвар.
Иако веќе се свршиле, засега не брзаат со свадбата. Сакаат да уживаат во овој период без притисок и да ѝ дозволат на својата врска да се развива природно.
Кени испрати и порака до жените што поминале низ развод, истакнувајќи дека крајот на еден брак не значи крај на љубовта и дека секогаш постои можност за ново поглавје во животот.


