Холивудскиот актер Бред Пит повторно го привлече вниманието на јавноста кога се појави на светската премиера на филмот „The Further Mis-Adventures of Cliff Booth“ во придружба на својата партнерка Инес де Рамон, која е 29 години помлада од него.
Двојката заедно позираше пред фотографите, а според насмевките и блискоста, јасно беше дека уживаат во заедничкиот момент. Пит и Инес се држеа за раце и изгледаа расположено на црвениот тепих.
За оваа пригода, Инес носеше елегантен фустан во светла нијанса, додека актерот се појави во темносина комбинација, дополнета со долг капут.
Нивната врска почна во 2022 година, а со текот на времето сè почесто се појавуваат заедно во јавноста. Иако на почетокот ја чуваа подалеку од медиумите, денес без задршка ја покажуваат својата блискост на големите настани.
Премиерата беше важен момент и за самиот Пит, кој повторно се враќа во улогата на Клиф Бут. Филмот е напишан од Квентин Тарантино, а го режира Дејвид Финчер.


