in

Роберт Патинсон е избран за новиот Џејмс Бонд

За обожавателите на серијалот за Џејмс Бонд стигна големо изненадување: британскиот актер Роберт Патинсон е официјално избран за новиот агент 007, соопшти филмското студио Amazon MGM Studios.

Патинсон ќе биде седмиот актер што ќе го толкува познатиот британски таен агент во официјалниот филмски серијал. Тој доаѓа на местото на Даниел Крег, кој последен пат се појави во оваа улога во филмот „No Time to Die“ од 2021 година.

Изборот доаѓа по долг период на шпекулации за тоа кој ќе го наследи Крег. Меѓу имињата што се споменуваа беа Калум Тарнер, Џош О’Конор и Џек Лоуден, но конечниот избор паднал на Патинсон.

Големо внимание привлекува и тимот што ќе работи на новото продолжение. Филмот ќе го режира Денис Вилнев, познат по серијалот „Дина“, а сценариото ќе го напише Стивен Најт, автор на популарната серија „Peaky Blinders“. Продуценти на филмот се Ејми Паскал и Дејвид Хејман.

„Џејмс Бонд е еден од најлегендарните ликови во кинематографијата и довербата да го играм 007 е животна чест. Оваа улога е остварување на сон“, изјави Патинсон по потврдата на веста.

Новиот филм ќе биде 26. продолжение од официјалниот серијал и прв филм за Бонд под креативна контрола на Amazon MGM Studios.

Патинсон, кој стекна светска слава со улогата на Едвард во „Самрак“, последниве години се потврди и во големи холивудски продукции, меѓу кои и „Бетмен“, а сега го очекува една од најпознатите улоги во историјата на филмот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Папата Лав XIV погоден од бројаница во Перу додека се возеше во папамобилот

Повозрасна обожавателка го украде шоуто на концертот на Крис Браун во Лос Анџелес