in

Папата Лав XIV погоден од бројаница во Перу додека се возеше во папамобилот

За време на посетата на папата Лав XIV во Перу се случи необичен инцидент: предмет фрлен од толпата го погоди во лицето додека се возеше во папамобилот и ги поздравуваше верниците. Настанот се случил на 16 ноември во Лима, непосредно пред завршната миса во воената база Лас Палмас. Од снимките и фотографиите може да се види дека предметот, за кој се смета дека бил бројаница, го удрил во пределот на десното око.

Папата веднаш реагирал, направил гримаса и го допрел лицето, но не ја прекинал посетата. Продолжил да ја поздравува насобраната публика, а мисата се одржала според планираното. Според медиумските информации, немало знаци за посериозна повреда.

Според Ватикан, на завршната миса присуствувале околу 1,5 милиони верници, со што завршила неговата посета на Перу. Инцидентот подоцна станал тема и во разговорот со новинарите во авионот на пат кон Рим, кога еден перуански новинар му се извинил за случката.

Лав XIV одговорил дека му простува на лицето што ја фрлило бројаницата, додавајќи дека најверојатно сакало да му ја подари од искрена верска посветеност. На шега рекол дека ваквите работи можат да останат „во срцето, или можеби во окото“, алудирајќи на ударот.

Папата, кој поминал две децении во Перу како мисионер и бискуп и има и перуанско државјанство, со оваа посета ја заокружи својата 12-дневна турнеја низ Јужна Америка. Верниците често му подаваат или фрлаат бројаници, плишани играчки и други предмети додека се вози во папамобилот, а Лав XIV и порано привлекувал внимание со брзи реакции во вакви ситуации. Овојпат, сепак, бројаницата директно го погоди во лицето.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

САД денеска спроведуваат национален тест на системот за итни известувања, телевизиите и радијата ќе ја прекинат програмата

Роберт Патинсон е избран за новиот Џејмс Бонд