Холивудскиот актер Леонардо ди Каприо го прослави својот 52. роденден со гламурозна прослава во Беверли Хилс, на која се собраа бројни познати лица од филмската и забавната сцена. Иако е роден на 11 ноември, големата роденденска забава била организирана во саботата, на 14 ноември, во приватна резиденција во Лос Анџелес.
Според американските медиуми, меѓу гостите биле неговите долгогодишни пријатели и колеги Тоби Мегвајер, Џона Хил и Ал Пачино, а на настанот пристигнале и Џеф Безос со сопругата Лорен Санчез, Орландо Блум, Адриен Броди, Едвард Нортон и Кејси Афлек.
На забавата биле забележани и манекенката Кара Делевињ, актерката Елизабет Бенкс, раперката Ајс Спајс, како и уште неколку познати имиња од светот на забавата.
Едно од најголемите изненадувања на вечерта било појавувањето на 50 Сент, кој настапил специјално за присутните. Внимание привлекол и Тоби Мегвајер, кој дошол со роденденска торта.
Медиумите пренесоа и дека пристигнала група од девет млади жени со бел минибус, што дополнително ја разбудило љубопитноста на јавноста. Меѓу нив била и Кортни Борнер, позната по учеството во реалити-шоуто „Love Island USA“.
На прославата била и девојката на Ди Каприо, италијанската манекенка Виторија Черети, со која тој е во врска од 2023 година.
Роденденската забава на холивудската ѕвезда брзо стана една од најкоментираните теми во светските медиуми за шоу-бизнис, а фотографиите од пристигнувањето на гостите дополнително го засилија интересот на јавноста.


