in

„Ако сопругата сака да оди на купување, одам со неа и не се жалам“: Роџер Федерер откри како изгледа вистинската љубов

Тениската легенда Роџер Федерер повторно стана тема на разговор на социјалните мрежи, откако повторно почна да кружи негова изјава за сопругата Мирка. Многумина позитивно реагираа на неговите зборови и го посочија како пример за партнер што ја цени љубовта и поддршката што ја добива.

Федерер еднаш кажал дека не му пречи да помине и многу време на купување со сопругата, дури и кога станува збор за нешта што не му се омилени. Според него, тоа не е жртва, туку начин да ѝ возврати за сè што таа направила за него низ годините.

„Ако мојата сопруга сака да оди на купување, одам со неа и не се жалам. Таа секогаш беше тука за мене, се грижеше за мене. Зошто и јас да не бидам тука за неа? Таа е моја сопруга, моја личност“, порачал тој.

Неговите зборови потсетуваат дека зад големите успеси на еден од најдобрите тенисери во историјата стои и силната семејна поддршка што ја добивал од Мирка. Двојката со години важи за еден од најстабилните парови во спортскиот свет, а нивната љубов и заеднички живот често го привлекуваат вниманието на јавноста.

Токму делот за десетчасовното купување поттикна и многу расправи. Некои сметаат дека неговиот став е вистински доказ за љубов и почит, а други се прашуваат дали би можеле да поминат цел ден во нешто во што не уживаат, само за да го израдуваат партнерот.

Со оваа порака Федерер уште еднаш истакна дека љубовта не се покажува само преку големи гестови, туку и преку секојдневното внимание и поддршката кон личноста со која го делите животот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Млад орангутан се налути кога негувателката му го посочи стомакот

Северина на 5 декември ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје