in

Врсничко насилство во Кавадарци: две малолетнички нападнале девојче, едната го држела, а другата го горела со цигара

Во Кавадарци е пријавен нов случај на врсничко насилство, во кој, според пријавата до полицијата, две малолетнички нападнале девојче на иста возраст. Едната, како што е наведено, го држела, а другата го горела со цигара.

Пријавата ја поднела 35-годишна жена од Кавадарци на 18 ноември, во 22:30 часот, во ОВР Кавадарци. Таа навела дека инцидентот се случил два дена претходно, на 16 ноември, на улицата „Сремски Фронт“ во градот.

Од Секторот за внатрешни работи Велес соопштија дека Е.К. од Кавадарци пријавила дека нејзината малолетна ќерка била нападната од две други малолетнички, при што едната ја држела, а другата ја горела со цигара.

За настанот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа во Кавадарци, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Засега нема официјални информации за точните околности на нападот, ниту за тоа дали девојчето претрпело повреди.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Карди Би реагираше откако обожавателка ја допре по задникот додека танцуваше во Лас Вегас

Хајди Клум и Том Каулиц споделија нежни моменти од европската турнеја на „Токио Хотел“