in

Само уште шест дена до големиот концерт на Весна Змијанац во Скопје

Остануваат уште шест дена до големиот концерт на една од најголемите музички ѕвезди на Балканот, Весна Змијанац, која на 28 ноември ќе настапи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Настанот е дел од нејзината голема турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“, со која ја одбележува својата педесетгодишна музичка работа, исполнета со бројни хитови, незаборавни настапи и песни што со години ги пеат генерации обожаватели.

Интересот за концертот во Скопје е исклучително голем. Поради големата побарувачка и интересот на публиката, концертот беше преместен од арената „Јане Сандански“ во поголемата арена „Борис Трајковски“, а датумот останува ист. Така, сите љубители на нејзината музика ќе можат на 28 ноември да уживаат во голема музичка вечер.

Весна Змијанац зад себе има богата кариера и многу песни што станаа вистински евергрини на регионалната сцена. Нејзините хитови и денес се слушаат на концерти, забави и собири, па се очекува скопската публика да ја пречека со големо внимание и емоции.

Продажбата на билетите продолжува преку платформата Kupikarta.com, а сите што сè уште не си обезбедиле место можат да го сторат тоа пред големата музичка вечер.

На 28 ноември арената „Борис Трајковски“ ќе биде место каде што ќе се прослават 50 години музика, хитови и кариера на Весна Змијанац, во вечер што љубителите на нејзината музика со нетрпение ја очекуваат.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Бритни Спирс сака да се повлече од шоу-бизнисот и да му се посвети на духовниот мир