Велика Британија подготвува историска мерка со која на сите лица родени од 1 јануари 2009 година па натаму трајно ќе им биде забрането да купуваат цигари и други тутунски производи.
Според најавените измени во законодавството, новите правила треба да почнат да важат од 1 јануари 2027 година. Тоа значи дека припадниците на овие генерации нема да можат легално да купуваат цигари ниту кога ќе наполнат 18 години, ниту на која било подоцнежна возраст.
Забраната ќе важи и за купување тутунски производи во име на лицата што се опфатени со законот. За трговците што нема да ги почитуваат правилата се предвидени казни од 200 фунти, а во посериозни случаи и кривично гонење.
Главната цел на оваа мерка е да се создаде првата генерација во Велика Британија што ќе порасне без зависност од цигари и тутунски производи.
Со оваа иницијатива, британските власти сакаат долгорочно да го намалат бројот на пушачи, да ги заштитат младите од штетните последици од пушењето и да спречат создавање нови генерации зависници од никотин.


