Во Египет се случила тешка сообраќајна несреќа кога возило што превезувало нафтени деривати се превртело на една од главните обиколници, по што избувнал голем пожар.
Во трагедијата загинало 31 лице, а 21 лице било повредено. Огнот целосно уништил 27 возила, меѓу кои автомобили и мотоцикли.
Во акцијата за помош учествувале 39 возила на итната медицинска помош. На социјалните мрежи се појавиле повеќе видеа од несреќата, на кои се слушаат вресоци и плач, а се гледаат и густи облаци чад што се издигаат од местото на настанот.

