Со почетокот на декември пристигнуваат и значително постудени денови. Во изминатиот месец времето беше многу променливо, со периоди кога температурите се искачуваа над 15, па и до 20 степени, но во последната недела следуваше нагло заладување.
Утринските температури од почетокот на оваа недела исто така се намалија, а во одредени денови паднаа и под нулата.
Во следната недела, со почетокот на зимскиот месец, започнуваат и вистински зимски температури, што многумина не го очекуваа. Се најавуваат температури под нулата, до -7 степени, во среда и четврток, односно на 2 и 3 декември.
Поради тоа, се препорачува граѓаните да се подготват, да носат топла облека и да пијат топли напитоци за да го заштитат своето здравје.


