in

54-годишен работник почина по тешка несреќа во „Мермерен комбинат“ во Прилеп

Во „Мермерен комбинат“ АД Прилеп денес се случила голема трагедија, кога 54-годишен работник се здобил со тешки повреди за време на ноќната смена. И покрај брзата интервенција, тој утрово починал во болница.

Од компанијата соопштија дека станува збор за нивниот долгогодишен колега и пријател Т.Г. Тие наведуваат дека работникот бил итно префрлен во Општата болница во Прилеп, каде што медицинскиот тим вложил напори да му го спаси животот, но повредите биле фатални.

Раководството и вработените во „Мермерен комбинат“ изразија длабоко жалење поради загубата и упатија сочувство до семејството, роднините и најблиските на починатиот.

Компанијата информира дека веднаш по несреќата биле известени сите надлежни институции и дека на местото на настанот се врши увид за да се утврдат сите околности и причините што довеле до трагедијата. Засега нема дополнителни официјални информации за тоа како настанале повредите.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Голема трагедија во Египет: пожар од цистерна со нафтени деривати одзеде 31 живот

Тешка несреќа во Сечуан: мотоциклист удрил во група велосипедисти, има повредени и голема штета