in

Пожар во стан во Охрид: осуммина во болница, приведен 55-годишен маж

Денеска во станбена зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид избувнал пожар, при што осум лица биле пренесени во болница поради повреди и проблеми со дишењето.

Лишен од слобода е 55-годишниот Ц.Н. од Охрид, за кого постои сомневање дека го предизвикал пожарот во својот стан.

По пријавата, на местото веднаш пристигнале полициски службеници, припадници на Територијалната противпожарна единица од Охрид и медицински екипи. Поради опасноста, биле евакуирани повеќе жители од зградата.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, изјави дека со брзата интервенција на службите биле евакуирани повеќе станари, а со возила на Итната медицинска помош осум лица биле префрлени во Општата болница поради повреди и тешкотии при дишењето.

Од СВР Охрид велат дека во координација со другите надлежни служби се преземаат дополнителни мерки за поддршка на станарите и за нормализирање на состојбата. По целосното документирање на случајот, против 55-годишникот ќе биде поднесена кривична пријава за „предизвикување општа опасност“.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Жана Калман: жената што живеела 122 години, јадела речиси килограм чоколадо неделно и пушела речиси цел живот