Српскиот рапер Војаж конечно ја откри девојката што му го освои срцето. Откако претходно ја сподели радосната вест дека станал татко, а потоа и дека се свршил, подолго време не кажуваше која е неговата партнерка.
По период на мистерија, тој објави заеднички фотографии од зимски одмор во луксузниот француски скијачки центар Куршевел, во регионот Рона-Алпи, со што јавно ја покажа својата избраничка. Станува збор за атрактивната Кристина, која на Инстаграм е позната под профилот @stankovkristina.
Особено внимание привлече и описот на објавата, бидејќи Војаж напиша само еден збор: „Ljubav“.
Иако и претходно бил во неколку јавни љубовни врски за кои често се пишуваше во регионалните медиуми, ниту една од нив не завршила среќно. Сепак, сега се чини дека приказната е поинаква, а по сите претходни љубовни искуства, раперот изгледа конечно ја пронашол жената со која сака да ја гради иднината.

