in

Слаткар го исполни ветувањето што му го даде на Владо Јаневски и на неговиот роденден ја објави заедничката песна

Денес македонската музичка сцена е обележана со силна емоција. На 27 ноември е роден Владо Јаневски, а токму на денот кога би го славел својот роденден, Слаткаристика ја објави песната во која двајцата музичари ги здружија своите гласови.

Нивната заедничка песна „Само да те имам“ досега не беше објавена. Слаткар уште претходно најави дека ќе ја промовира токму на роденденот на Владо, а денес го исполни тоа ветување.

За публиката ова не е само нова музичка премиера, туку и можност повторно да се чуе Владо, неговиот препознатлив глас и емоцијата по која беше познат.

Музиката понекогаш знае да зачува моменти и луѓе што недостасуваат, а токму таква тежина носи и оваа соработка, објавена на датум што засекогаш ќе има посебно значење за неговите обожаватели.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Гери Невил тврди дека Халанд наскоро ќе се пресели во Реал Мадрид