Утре завршува одбројувањето до големиот музички настан што ќе ги разбуди носталгијата и емоциите кај македонската публика. На 28 ноември во Скопје пристигнува легендарната Весна Змијанац, која ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“.
Една од најголемите фолк-ѕвезди на Балканот ќе настапи пред македонската публика со вечер исполнета со безвременски хитови, силни емоции и атмосфера за паметење. Концертот е дел од нејзината турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“, со која таа одбележува половина век музичко творештво.
Интересот за настапот беше толку голем што концертот беше преместен од арената „Јане Сандански“ во поголемиот простор на арената „Борис Трајковски“, а датумот остана ист — 28 ноември. Со тоа уште еднаш се потврди големиот интерес на публиката за овој спектакл.
Публиката ќе има можност да ги слушне песните што ја одбележаа кариерата на Весна Змијанац, меѓу кои и бројни хитови што со години ги пеат различни генерации. Нејзините настапи се познати по силните емоции, автентичната интерпретација и непосредниот однос со публиката.
Билетите сè уште се во продажба преку платформата Kupikarta.com.

