Сите сакаме да се разладиме во топлите денови со добро парче ладна лубеница, но доколку го забележите ова, веднаш престанете да ја јадете.
Ако некогаш сте отвориле лубеница и сте забележале пена, ова видео предупредува дека може да биде опасно и најдобро е веднаш да ја фрлите.
Корисникот на TikTok @idksterling вели: „Ако вашата лубеница почне да пени, фрлете ја“.
Инфлуенсерот, со дури 6,3 милиони следбеници, објасни: „Многумина се збунети што ја предизвикува оваа состојба на лубеница“.
@idksterling Dont eat it
♬ バラック集落 – ききやま
Тој објасни дека иако можеби ви е прв пат да наидете на пена од лубеница, тоа не е толку невообичаено. Тој додаде дека пената може да изгледа „многу поизразено“, добивајќи побел и „појасен“ изглед, пренесува citymagazine.
Зошто треба да фрлите ваква лубеница?
„Ова се случува кога лубеницата е на премногу топло место, што не е идеално за нејзино складирање“, рече тој, „Овој феномен е резултат на акумулација на гасови и притисок во внатрешноста на лубеницата, што на крајот предизвикува појава на пена. “
Тој додаде дека не е многу паметно да се јаде ваква лубеница бидејќи плодот почнува да скапува и може да стане идеално место за размножување на одредени видови бактерии. Овие бактерии можат да предизвикаат труење со храна, предупреди тој, советувајќи лубеницата веднаш да се фрли.


