Aктерката Аница Лазиќ објави фотографии на својот Инстаграм профил, кои побудиле големо внимание во јавноста, откривајќи дека таа и актерот Лазар Ристовски сега се официјално во брак.
На објавените слики, парот позира во нежна и интимна атмосфера, со Лазар облечен во елегантно сиво одело, бела кошула и светли панталони, а Аница во долга бела венчаница.
На една од фотографиите, актерот нежно ја бакнува Аница во челото, додека таа се потпира на неговото рамо и се насмевнува со затворени очи, уживајќи во моментот.
Аница, со долга кафена коса и дискретна шминка, дополнително ја нагласува свеченоста на овој значаен настан.
Љубовната приказна помеѓу Аница и Лазар, која привлече многу вниманието поради големата разлика во години, сега доби нова димензија по нивната венчавка. Лазар е 39 години постар, но парот не дозволува разликата во возраста да биде пречка за нивната врска.
Тие отворено ја покажуваат својата љубов, уживајќи во секој момент заедно и не обраќајќи внимание на реакциите од јавноста. Според најновите информации, нивниот однос добил поддршка и од семејството на Аница, што дополнително ги мотивира да продолжат со својата среќна приказна.


