in

Аца Лукас за Северина: „Јас не ја наплаќам љубовта на моите обожаватели како неа“

Александар Вуксановиќ, познат како Аца Лукас, крена прашина откако јавно кажа дека сака да настапи бесплатно на новогодишната ноќ во Сараево наместо Северина, која за тоа ќе добие огромна сума.

Буџетот за дочекот во главниот град на Босна и Херцеговина, според тамошните медиуми, е 800.000 конвертибилни марки или 400.000 евра, од кои најголемиот дел е наменет за пејачката од Хрватска.

Таа вест одекна како бомба во медиумите, а популарниот музичар за „Курир“ детално ја објасни својата одлука.

„Навистина не ми е јасно зошто се крена толкава врева околу мојата понуда до градоначалникот на Сараево, јас јасно и гласно и многу прецизно реков дека сум подготвен да им пеам на граѓаните на Сараево за Нова година. Според мене, тоа е прилично ненормална и секако сосема нереална сума пари за еден настап, госпоѓата треба да им ја даде на истите тие граѓани, бидејќи сигурен сум дека тие би имале многу повеќе корист. Јас доволно сум заработил во мојата кариера за да можам да се откажам од таков хонорар за доброто на нејзината ‘верна публика’ и не сум толку гладен да ја наплатам мојата ‘љубов’ на овој начин“, изјави Аца Лукас.

„Она што сакав да го покажам и да го направам со мојата искрена понуда да настапам на граѓаните на Сараево е дека љубовта не се купува. Чекам некој разумен да ја прифати мојата понуда за Сараево – ќе пеам со целото мое срце и ќе ја направам најдобрата забава до сега“, изјави Лукас.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

ВИДЕО: Розга одмараше во Македонија

Кејт и Вилијам со посебна порака за британските параолимпијци