in

Австралија го забранува AI-генерираната музика на топ-листите

Австралиската музичка индустрија воведува нови правила според кои песни целосно создадени со помош на вештачка интелигенција нема да можат да се појавуваат на официјалните ARIA топ-листи и да се натпреваруваат за ARIA награди.

Овие нови регулативи ќе стапат на сила од следната недела и ја нагласуваат важноста на човечката креативност во музичката сфера.

Сепак, нема целосна забрана за употреба на вештачка интелигенција. Песни во кои артистите користеле AI алатки во продукцијата и креативниот процес ќе можат да бидат квалификувани, под услов луѓето да стојат зад клучните аспекти на делото, како што се авторството и главните вокали или инструменти.

Од ARIA истакнуваат дека целта на новите правила е да се заштити човечката креативност, а истовремено да им се дозволи на музичарите да користат новите технологии на одговорен начин.

Оваа одлука доаѓа во времиња кога вештачката интелигенција сé повеќе влијае на музичката индустрија, отворајќи дискусии за авторство и оригиналност во создавањето на музика.

Австралија поставува јасна граница: AI може да се користи како алатка, но целосно генерираните песни со вештачка интелигенција нема да се прифатат во официјалните рангови и натпревара за ARIA награди.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Евче се расплака од радост по концертот на Д Викенд во Шпанија

Тамара Волческа предизвика интерес со објава за машки тоалети